ФСБ: Регулаторите да бидат флексибилни и да ги поддржат банките и економијата

Од:

Регулаторите мора да користат флексибилност во рамките на постојните финансиски регулативи и да им помогнат на банките да го одржат протокот на пари во економијата, соопшти денеска Одборот за финансиска стабилност (ФСБ).

Глобалниот финансиски систем денес може подобро да се справи со стресот на пазарите – како што е сега пандемијата со Ковид-19 – отколку што можеше да се справи со тешкотиите на финансиската криза пред една деценија, тврди ФСБ. Одборот ги координира финансиските прописи на 20-те најразвиени економии и оние во развој, а во него се регулатори, централни банки и претставници од министерства за финансии.

По кризата во 2008 година, тие ги заострија бројните регулативи, вклучително и оние за висината на капиталот на банките.

„ФСБ ги охрабрува властите и финансиските институции да користат флексибилност во рамките на постојните меѓународни стандарди за да обезбедат континуиран пристап до финансии за учесниците на пазарот и домаќинствата кои се соочуваат со привремени тешкотии поврзани со вирусот Ковид-19“, се вели во соопштението.

Тие исто така забележуваат дека тие активно работат со членовите за да ја одржат стабилноста на финансискиот систем во време на стрес на пазарот.

„Многу членови на ФСБ веќе прибегнаа кон достапни мерки за ослободување капитал и механизми за зачувување на ликвидноста, покрај мерките за поддршка на уредното функционирање на пазарот и планираат да го олеснат континуитетот на бизнисот“.

Би можело да ве интересира

Путин одлучи: Бортников е нов директор на Федералната служба за безбедност на Русија

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

ФСБ: Британските специјални служби ги надгледуваа повеќето диверзантски напади на Крим

ФСБ: Измамници лажат дека се наши агенти

Горан Наумовски

ФСБ: Зад нападот во Москва стојат САД, Велика Британија и Украина

Горан Наумовски

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица