ФСБ: Британските специјални служби ги надгледуваа повеќето диверзантски напади на Крим

Од:

Специјалните служби на Велика Британија ги надгледувале повеќето диверзантски напади врз руската Црноморска флота и Крим, изјави офицер на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

– Од почетокот на специјалната воена операција, Федералната служба за безбедност редовно добива информации за учество на западни специјални служби, пред се од Британија, во обуката на украинските специјалци. Воспоставивме надзорна улога на британските специјални сили во повеќето терористички и диверзантски напади врз бродовите на руската Црноморска флота и на полуостровот Крим – рече тој во видеото објавено од ФСБ.

Според офицерот, покрај обуката на саботери, претставниците на Велика Британија ги снабдуваат украинските сили со опрема за собирање разузнавачки информации, нови видови експлозиви, користење на Украина како полигон за обука и воен персонал како потрошен материјал за тестирање на ново оружје што е во развој и тактиката на нивната употреба, пренесува ТАСС.

Би можело да ве интересира

ФСБ: Измамници лажат дека се наши агенти

Горан Наумовски

ФСБ: Зад нападот во Москва стојат САД, Велика Британија и Украина

Горан Наумовски

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

ФСБ приведе Русин кој планирал терористички напад на Транссибирската железница

Нападнато е седиштето на ФСБ во Белгород

Горан Наумовски

ФСБ уапси двајца украински агенти