Фронтекс: Бројот на мигрантите значително се намали минатиот месец

Од:

 Бројот на мигрантите, кои во ноември пристигнале во Грција значително се намали, што е прв пад изминатата година, соопшти Службата на Европската унија за контрола на границата, Фронтекс.  

Во ноември во Грција пристигнаа 108.000 мигранти во споредба со 150 илјади во октомври. 

Фронтекс смета дека причините за тоа се влошување на временските прилики и построгата контрола на границите долж западнобалканската рута. 

Службата наведува дека до крајот на минатиот месец на грчките острови пристигнале 715 илјади бегалци, шестнаесет пати повеќе, отколку во истиот период минатата година. Најголемиот дел од мигрантите се од Сирија, а потоа од Авганистан и Ирак.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море