Слободите во светот забележа вознемирувачки пад за 60 отсто од светската популарција, односно 2,6 милијарди луѓе кои во 2014 година живееле во држави што се означени како „нецелосно слободни“, се наведува во годишниот извештај на организацијата за човекови права Фридам Хаус објавен денеска.
Во документот насловен „Слободата во светот 2015“ се изнесени податоци за состојбите со слободите во 195 држави и 15 територии. Во извештајот се вели дека 61 земја во текот на минатата година станале „помалку слободни“, додека во само 31 држава дошло до унапредување со состојбите со слободите.
Од вкупно 195 држави за кои се однесува извештајот, за 89 е дадена оценка дека се „слободни“, за 55 дека се „делумно слободни“, додека за 51 дека се „неслободни“.
Агресивните тактики на авторитарните режими и зголемување на бројот на терористички напади придонесоа за вознемирувачко намалување на глобалните слободи во 2014-та, деветта година по ред, се наведува во документот.
Во извештајот се посочува дека тероризмот имал „разурнувачко влијание“ на Блискиот Исток и во Западна Африка, каде дејствуваат групи кои убиваат припадници на безбедносните сили и цивили, киднаприаат странски државјани и убиваат или поробуваат припадници на верските малцинства.
Како најлоша земја во однос на слободите во светот е посочена Сирија каде веќе четврта година беснее граѓанска војна и каде е зголемено влијанието на џихадистичката група Исламска држава.
Во регионот на Блискиот Исток и Северна Африка како исклучок од тенденциите за влошување на слободите е посочен Тунис, кој е единствената држава од арапскиот свет што доби статус на „слободна земја“.
Во документот се споменува и „руската инвазија на Крим“, кој е посочен како „неслободна“ територија, бидејќи „Татарите и другите кои се противат на анексијата на Москва се лишени од своите права“.
Како „неслободна“ земја е посочена и Русија, за која се вели дека владата на претседателот Путин се пресметува со неистомислениците и ги клевети хомосексуалците.
Во документот се изразуваат пофални зборови за Западот поради воведувањето на санкциите кон Русија, како и поради создавањето на коалицијата предводена од САД за пресметка со џихадистите во Сирија и Ирак.
Но, Фридам Хаус сепак ги критикува западните земји бидејќи, како што се вели во извештајот, се натпреваруваат за наклонетоста на Кина и египетскиот претседател Абуел Фатах Алсиси го третираат како партнер во борбата против тероризмот, иако и Пекинг и Каиро ги задушуваат политичките и граѓанските права.
Документот се осврнува и на извештајот на американскиот Сенат за измачувањето на лицата осомничени за тероризам по терористичките напади во САД од 11 септември 2001 година, а се споменуваат и минатогодишните убиства на невооружените Афроамериканци во Њујорк и Мисури, при што се нагласува „континуираниот неуспех на обвинителите да обезбедат обвинителни докази против одговорните полицајци“. Сепак, и покрај наведените случаи, САД остануваат на врвот на листата на „слободни земји“.
Во извештајот се изнесени обвинувања и против властите во Венецуела поради масовните апсења на учесниците на антивладите протести и зголемувањето на бројот на приведените политички затвореници. Венецуела е школски пример на политичка и економска дисфукционалност со токсична мешавина на корупција и лошо владеење, што заедно со падот на цената на нафтата, доведе до недостиг на основни продукти, раст на инфлацијата и зголемување на реперсијата, се додава во извештајот.
Фридам хаус упатува и критики до Бразил и „остнатите јужноамерикански демократии“ затоа што со своето молчење придонеле за влошување на состојбата во Венецуела, а слични оценки се дадени и за азиските демократски земји, како Индија и Индонезија, кои „не го охрабриле враќањето на цивилната власт во Тајланд“.