А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Извештај на „Фридом хаус“: Северна Македонија забележала напредок, но и поларизација

by А1он24/05/2023 - 19:33325
Share0

Во најновиот извештај „Нации во транзиција“ на „Фридом Хаус“ се посочува дека Северна Македонија забележала демократски напредок изминатата година, но се нотира и силна политичка поларизација. Во извештајот се мери демократскиот напредок на државите во транзиција за период од една година.

Следете a1on на Instagram Instagram

Северна Македонија добила оценка 3.86 за демократски прогрес, а во претходниот извештај оваа оценка била 3.82. Во категоријата национално демократско владеење државата добила оценка 3.50, за изборен процес 4.50, за граѓанско општество 4.75, за независни медиуми 3.50, за локално демократско управување 4.25, за судска рамка и независност 3.25, додека за корупција била оценета со 3.25.

Во извештајот е наведено дека во Северна Македонија се нотира силна политичка поларизација и парламентарните блокади, го попречиле усвојувањето на законодавството на национално ниво, но оти прогресот на локалните власти во однос на транспарентноста, граѓанското учество и меѓуопштинската соработка, имал забележително позитивно влијание врз демократијата и исполнувањето на јавни услуги.

Земјите од Западен Балкан искажале разочарување во однос на пристапувањето во Европската Унија.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Граѓаните на Западен Балкан се чувствуваат напуштени од домашните елити кои се спротивставуваат на демократските реформи и од меѓународните елити кои немаат решеност да го следат процесот на пристапување, пишува во извештајот.

Демократските институции на Западен Балкан продолжиле да слабеат во 2022 година, со скромни подобрувања во Северна Македонија, Албанија и во Косово.

Од земјите во Западен Балкан, Северна Македонија е најдобро рангирана. Србија во моментов го дели второто место на Западен Балкан со Црна Гора и Албанија.

fridom haus

Би можело да ве интересира

Авторитаризмот се засилува низ светот: Македонија е делумно слободна, останува на 67. место според Фридом Хаус

Катерина Ѓуровски26/02/2025 - 09:5326/02/2025 - 11:35

Таравари по извештајот на „Фридом хаус“: Да се ​​отстрани корупцијата од власта, да се отвори вратата за новата генерација

Катерина Ѓуровски11/04/2024 - 14:22

Пад на Македонија во извештајот на Фридом хаус: Назадување во владеењето на правото и борбата со корупција

Александар Тодески11/04/2024 - 12:10

Македонија останува делумно слободна земја според „Фридом хаус“

Катерина Ѓуровски29/02/2024 - 09:2829/02/2024 - 10:57

Македонија останува „делумно слободна земја“ според Фридом хаус

Катерина Ѓуровски09/03/2023 - 11:04

Македонија уште е хибриден режим според извештајот на Фирдом Хаус за „Нациите во транзиција“

Катерина Ѓуровски20/04/2022 - 11:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео