Франс инфо: Макрон следната недела ќе ја соопшти кандидатурата за претседателските избори

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон следната недела ќе ја објави својата кандидира за претседателските избори, закажани за април, јави денеска Франс инфо, додавајќи дека Макрон доцни со својата кандидатура поради украинската криза.

-За Макрон приоритет е прекинот на огнот меѓу Русија и Украина и поради тоа објавувањето на неговата кандидатура е одложено за следната недела, од 28 февруари, пренесе француското радио.

Макрон претходно изјави дека ќе ја поднесе својата кандидатура кога ќе се исполнат два услови – смирување на епидемијата на коронавирус и решавање на моментално ризичната меѓународна ситуација.

Рокот за поднесување на кандидатурата е до 4 март, до кога кандидатите требаше да соберат 500 потписи и спонзорства.

Иако се уште не е кандидат, според анкетите на јавното мислење, Макрон е фаворит во првиот круг од претседателските избори, закажани за 10 април.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Емануел Макрон му порача на Нетанјаху: Мора да заврши страдањето на цивилите во Газа

Макрон: Пред нас се 90 дена полни со неизвесност

Хамас: Француското признавање на палестинската држава до јуни би било важен чекор