Популарноста на новиот претседател на Франција, Емануел Mакрон достигна 62 отсто, а на неговиот премиер Едуар Филип 55 проценти, покажува анкета на ИФОП изработена за „Журнал ди Диманш“.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, на прашањето како сте задоволни од Емануел Макрон како претседател на Републиката, 12 отсто одговориле дека се „многу задоволни“, а 50 проценти „донекаде задоволни”, што покажува дека вкупно 62 отсто од испитаниците се „задоволни“ од новиот шеф на државата.
Спротивно на тоа, 20 отсто изјавиле дека се „прилично незадоволни“, а 11 проценти „многу незадоволни“, односно вкупно од Макрон се „нездаоволни“ 31 отсто од испитаните. Само 7 проценти од анектираните не се изјазниле.
За споредба, од Франсоа Оланд на почетокот на неговиот мандат „засоволни“ беа 61, од Никола Саркози 65 проценти, а од Жак Ширак 51 отсто во мај 2002 година и 59 проценти во мај-јуни 1995 година.
Запрашани со истото прашање за премиерот Едуард Филип, пет отсто рекле дека се „многу задоволна“, а 50 проценти „донекаде задоволни” или вкупно 55 отсто од анкетираните се „задоволни“ од него. Од друга страна, 18 отсто изјавиле дека се „прилично незадоволни“, а шест проценти „многу незадоволни“ или вкупно 24 отсто од испитаниците се „незадоволни“ од новиот премиер. Дури 21 отсто од испитаниците не се изјасниле во однос на Филип.
За споредба, од Бернар Казнев на почетокот од неговиот мандат „задоволни“ беа 51 отсто (во декември 2016 година), од Мануел Валс 58 проценти (во април 2014 година), од Жан-Марк Ејро 65 отсто (во мај 2012) и од Франсоа Фијон 62 проценти (во мај 2007 година).
Но, во неколку други анкети на јавното мислење, кога прашањата се поставени поинаку, односно дали имаат доверба во Емануел Maкрон и Едуард Филип, процентот на тие кои им веруваат е исклучително низок за почеток на еден мандат.
Со други зборови, на дуото на извршната власт Французите не им ја даваат традиционалнуте „сто дена“ на прилагодување. Гледајќи во архивите за популарност и доверба, постои само еден претседател под 50 отсто на доверба по неговата инаугурација – Валери Жискар Д’Естен.
Сите коментатори се согласуваат дека Maкрон и премиерот Филип немаат „сто дена“ од почетокот на мандатот, кога по правило извршната власт забележува добра популарност во анкетите и со тоа се легитимира во своето дејствување.
Анкетата на „Елабе“ за весникот „Ехо“ и Радио Класик објавена во четвртокот покажува дека 45 отсто од испитаницуте имат доверба во Емануел Maкрон, 46 проценти немаат, а девет отсто немаат мислење.
Филип пак има доверба само од 36 отсто од испитаните Французи, додека неговата Влада ужива доверба од 43 проценти, 23 отсто не ја одоброуваат, а 34 отсто се неопределени, покажува анкетата за „Опинион Веј Тилдер–ЛЦИ“ исто така објавена во четвртокот.
Извршното дуо под 50 отсто на доверба на почетокот од мандатот, се нашло само еднаш во историјата на Петтата република. Во ситуација слична на денешната бил центристот Жискар Д’Естен во 1974 година и неговиот премиер конзервативецот Жак Ширак. Според барометарот на ИФОП од тоа време, Жискар Д’Естен на почетокот од мандатот имал популарност од 44 отсто, а неговиот премиер 34 проценти.
– Иронија на нештата е што Валери Жискар Д’Естен беше тој кој го воведе митот за „сто дена“, оценува за весникот „Ехо“, Винсент Мартињи, професор по политички науки на Политехничкиот факултет.
Интересно е што Mакрон на извесен начин го предвиде ова, кога на ден пред изборите веќе предупреди дека нема да има „сто дена“.