Французите се позагрижени за вториот бран на пандемијата отколку за криминалот и тероризмот

Од:

Стравот од втор бран на епидемијата на Ковид-19 е на врвот на листата на грижи кај Французите, пред деликвенцијата и тероризмот, покажува редовно истражување на мислењето на граѓаните за состојбите во француското општество.

По неколку недели опуштеност по мерките на изолација, со летните одмори и знаците на можен нов бран на епидемијата, најновиот барометар на Одокса за Фидусиал, потврдува дека 68 отсто од Французите се чувствуваат несигурно поради некоја причина. Тоа е рекордно ниво во последните четири години.

Најмногу се стравува и постои загриженост од вториот бран на епидемијата, дури кај 66 отсто од испитаниците, потоа следува секојдневната безбедност, односно деликвенцијата, кражбите за 35 отсто, терористичките ризици се на трето мести со 29 отсто, исто како и процентот на загрижени од насилни демонстрации…..

На прашањето дали треба да се почитуваат мерките на растојание, 93 отсто одговараат потврдно. Во 74 отсто од случаите, Французите велат дека се за распоредување на „термички камери за откривање на треска на влезот на продавниците, аеродромите и во деловните активности“. Во сличен дел (70 отсто), тие се залагаат за ист систем за учениците и персоналот на влезот во училиштата од оваа есен. Големото мнозинство од 64 отсто исто така поддржува инсталација на детектори за носење маски во аптеките и транспортот, како на пример во станицата Шале-Лес Хал од париското метро каде се тестира технологија за препознавање на лицето.

Изненадувачки е што испитаниците прифаќаат и повреди на индивидуалните слободи, во едно општество каде ова прашање е чувствително. Така мнозинството испитаници (55 отсто) се залагаат за „прибегнување кон беспилотни летала за набљудување на области со висок фреквенција на движење“. Додека 72 отсто ја охрабруваат употребата на чувари за проверка дали се почитуваат гестовите на растојание при влез во продавница.

Барометарот, исто така, покажува дека 87 отсто од Французите сакаат да им се стави на располагање хидроалкохолен гел на влезот од рестораните, продавниците или кампинзите, 78 отсто бараат одржување на растојание на плажите и три четвртини задолжително носење на маски, желба која им се исполни, бидејќи од понеделникот е задолжително носењето на маска во сите затворени јавни простори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци

Во Франција: Убиени двајца затворски чувари, а тројца се ранети во заседа