Французите се откажуваат од лекувања од други болести поради страв од новиот коронавирус

Од:

Бројот на посетите на кабинетите на општите доктори и специјалистите, се намалил за дури 40 проценти, вклучувајќи ги и телефонските консултации во Франција, по пандемијата со коронавирусот.

Според истражувањето „Доктолиб“, спроведени од почетокот на рестриктивните мерки, при што биле испитани 5.000 лица, една-третина од испитаниците изјавиле дека барем еднаш се откажале од консултација со лекар.

Меѓу дадените причини, 38 отсто стравуваат од зараза со Ковид-19, 28 проценти одговориле дека не сакаат да го вознемируваат медицинскиот персонал, а 18 отсто од испитаниците изјавиле дека наишле на затворени врати на медицинските институции.

-Оваа констатација е многу загрижувачка и претставува вистински јавен здравствен проблем, предупредува Станислас Ниокс Шато, основач и извршен директор на „Доктолиб“.

Исто така, платформата за закажување термини за преглед бележи пад од 66 отсто за два месеци. Односно, 71 процент од граѓаните се откажале од специјалистички преглед, и 44 отсто од посета на општите лекари. Додека консултациите со физиотерапевти и стоматолозите забележаа пад за 95 проценти. Тие се лекарите кои нудат консултации преку интернет.

Стравувањата се дека по епидемијата, многу Французи би имале нарушено здравје, бидејќи не се лекувале, затоа Синдикатот на докторите ги повикуваат пациентите да имаат доверба во нивите лекари, кои својата работа ја прилагодија на епидемијата со новиот коронавирус.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата