Французите и Белгијците со највисока даночна стапка во ЕУ

Од:

Фискалниот притисок, односно плаќањето даноци и социјални придонеси, е најголем во Франција, Белгија и Данска, според последните податоци на Евростат.

Франција е на прво место, Белгија на второ, во двете земји даночните обврзници треба да платат речиси 50 отсто од своите приходи во данок или придонеси, пренесува европскиот статистички завод.

Глобалното рацио фискални приходи/БДП е 47,2 отсто за Белгија во 2018, а 48,4 отсто за Франција.

Данска бележи намалување на ова рацио во однос на претходната година, тој изнесува 45,9 отсто во 2018.

Европскиот просек е 40,3 отсто.

Најмал фискален притисок имаат даночни обврзници во Ирска (23 отсто), Романија (27,1 отсто) и Бугарија (29,9 отсто).

Би можело да ве интересира

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски