Француското Собрание расправа за признавање на палестинската држава

Од:

Француското собрание денеска расправа за предложената резолуција од страна социјалистите со која владата се повикува да ја признае палестинската држава, јави дописникот на МИА од Париз.

Барањето на опозицијата да се повлече резолуцијата, која нема обврзувачки карактер за владата, беше отфрлена, бидејќи таа е поддржана од мнозинството пратеници од левицата и Зелените.

Гласањето е предвидено идниот вторник, десетина дена пред гласањето во Сенатот на 11 декември на една друга резолуција за признавање на палестинската држава, предложена од групата на комунистите.

Во нацрт-резолуцијата, Собранието ја повикува француската Влада од признавањето на палестинската држава да направи инструмент за да се добие дефинитвно решение на конфликтот меѓу Израел и Палестинците.

Гласањето од страна на Собранието и Сенатот не значи признавање на палестинската држава од страна на Владата, туку ќе биде симболично по изјаснувањето на британскиот Парламент во средината на октомври и откако шефот на европската дипломатија, Федерика Могерини постојано се залага за палестинска држава, по доаѓањето на оваа функција.

Во средината на октомври, шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус изјави дека „Единственото прашање е кои се модалитетите и како е можно да се биде поефикасни? Тоа што се сака, е да бидеме полезни за мирот. Се досега нашата идеја беше дека признавањето треба да биде поврзано со преговорите. Започнувајќи од моментот кога преговорите се невозмоќни или нема да има заклучоци, потребно е Франција да ја преземе својата одговорност“.

Минатата сабота, Фабиус дополни дека „признавањето на палестинската држава од страна на Франција, треба да биде корисна за напорите за излез од ќорсокакот и да придонесе за дефинтивното решавање на конфликтот.

Би можело да ве интересира

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина