Француските власти со смирувачки пораки по крвавите настани во Дижон и Нант

Од:

Највисоките француски раководители се обидуваат да ја смират француската јавност по серијата кравави настани во кои беа повредени над дваесетина лица, јавува дописникот на МИА од Париз.

Во саботата едно лице кое на својот Фејсбук профил имаше поставено знаме на Даеш, нападна и повреди тројца полицајци во Жу-лес-Тур, при што беше убиено од полицијата.

Во неделата вечерта едно лице намерно прегази 13 лица на улиците во Дижон, пред да биде уапсено од полицијата.

Вчера вечер околу 19 часот еден фургон намерно влезе во пешачката зона на Нант, на кралскиот плоштад каде е поставен божикниот пазар, повредувајќи 11 лица, од кои пет посериозно.

За првиот настан во Тур истрагата со сигурност се ориентира кон идивидуален терористички акт, додека за крвавите настани во Дижон и Нант властите тврдат дека се дело на растроени лица, иако се признава дека терористичката закана е реално присутна во Франција.

Заменик претседателот на Националниот Фронт, Флориан Филипо, го критикуваше односот на властите.

„Потребно е да се прекине со бегањето од реланоста, потребно е да се соочиме со неа.“

Тој притоа ја обвини владата дека и „се тресат нозете“ наспроти исламистичкиот тероризам.

„Вечерашниов акт не е политички, со терористички намери и со религиозна радикална инспирација, туку е дело на растроено лице“ –изјави уште вчера министерот за внатрешни работи Бернар Казенев, по посетата на Нант.

Од Дижон, јавниот обвинител испрати иста порака, дека крвавиот настан е дело на психолошки растроено лице кое во последниве десетина години престојувало 150 пати во психијатриска болница.

Францускиот премиер Мануел Влас изутринава на француското приватно радио се обиде да ја смири јавноста по настаните во Дижон, Нант и Тур, тврдејќи дека „не постои врска меѓу нив“ и дека „ја разбира легитимната загриженост“ по серијата на крвави настани.

„Иако не постои врска меѓу нив, можам да ја разберам и ја разберам загриженоста на нашите граѓани наспроти овие шокантни слики“  вели Валс.

Францускиот премиер, исто како претходно претседателот и министерот за внатрешни работи повикаа на претпазливост, единство и обединување по трите крвави настани кои ја потресоа Франција. Премиерот демантира дека се минимализираат настаните, нагласувајќи дека силите на редот се соочуваат со „хибридни поединци кои можат да делуваат самите“ со што се усложнува работата на безбедносните служби.

„Најдобриот одговор наспроти заканите, стравот и настаните со кои се соочивме е да продолжиме да живееме нормално со потребната претпазливост“- додаде Валс.

Вчера од Монтпелије францускиот премиер во однос на заканите од  исламскиот радикализам предупреди:

„Никогаш ние не се соочувавме со толку голема опасност од тероризмот, како сега“, повикувајќи го француското општество да реагира наспроти феноменто во кој  младите се чувствуваат вмешани од „светата војна“ (џихадот).

„Ние имаме над илјада лица вмешани во џихадот во Сирија и Ирак, таму се над 300 лица, од нив 56 или 57 се убиени, тоа го покажува степенот на вклученоста“ – нагласи премиерот на Франција. Тој притоа призна дека „многу лица биле таму, многу сакаат да заминат, за среќа многу се вратија, и оти тоа е прашање за француското општество“.

Би можело да ве интересира

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот