Француските власти бараат да не се избрзува со заклучоците за нападот во Дижон

Од:

Два напади за само 48 часа се изведени во Франција, при што во првиот во Тур  беа повредени тројца полицајци, додека во вториот тринаесет минувачи, а и во двата напади напаѓачите извикале „Алах е голем“, јавува допсиникот на МИА од Париз.

Француските власти се внимателни околу квалификаците на настанот во Дижон. Ако нападот со нож во полицискиот комесаријат во Тур во саботата попладне, каде беа повредени тројца полицајци и напаѓачот беше убиен, е квалификуван како терористички акт, за тој во Дижон истрагата се движи како кон дело на растроено лице.

Напаѓачот е четириесетгодишен човек, француски джавјанин со потекло од земјите од Магреб. За него се знае дека нема полициско и судско досие и дека бил лекуван во психијатриска болница. Тој намерно, во центарот на Дижон, околу 20 часот со својот автомобил Рено Клио, покоси тринаесет лица, од кои две се потешко повредени. Самата сцена на ужасот траела речиси половина час, по што полицијата го уапси напаѓачот по бркањето низ улиците во Дижон.

Засега мотивите за неговото дело не се многу јасни. Се верува дека напаравил алузија на исламската војна, споменувајќи ја судбината на децата од Палестина. Но неговиот говор е растроен. Некои од сведоците на нападот изјавиле дека извикувал „Алах е голем“, додека некои други дека не бил сам во автомобилот.

Според најновите информации ,како што пишува „Фигаро“ напаѓачот во Дижон го испланирал делото,  бидејќи предвидел да понесе лекови за 96 часа, колку што трае притворот за лица осомничени за тероризам.

За само 48 часа, ова е втор напад во Франција. Во првиот во Тур, каде напаѓачот директно ја нападна полицијата, постојат сомневања дека напаѓачот имал терористички побуди инспирирани од Даеш.

Што се однесува до истрагата за нападот врз полициската станица во Тур, истрагата јасно оди кон атентат мотивиран од радикален ислам. Имено во Бурунди е уапсен братот на напаѓачот, кој им е познат на француските власти како исламски интегрист. Целта на француските власти е да дознаат кога овие двајца браќа родени во христијанско семејство, се определиле за радикалниот исламизам.

Ова не е прв изолиран терористички акт во Франција инспириран од исламистичката идеологија, најпрво тој на Мохамед Мерах во Тулуз и Монтобан кога уби осум лица, од кои три деца и повреди шест и последниот е Мехди Немуш убиецот од еврејскиот музеј во Брисел.

Министерот за внатрешни работи Бернар Казенев од Дижон, пред малку ги повика медиумите да не шпекулираат и да не избрзуваат околу мотивот на извршителот. Според Казенев, во Франција во сила се високи безбедносни мерки, сепак повикувајќи сите да бидат претпазливи.

Од своја страна претседателот на Франција Франсоа Оланд,  пред малку упати повик за „крајна претпазливост“, нагласувајќи дека позицијата на француските власти се резимира со три зборови: „солидарност, претпазливост, акција и дека не треба да се попушти на паниката“.

Франција веќе извесно време справува со помош на репресивно-превентивни мерки за да се спречи заминувањето во Сирија и Ирак, како и за следење на повратниците. Но тоа што најмногу ги загрижува властите е непресметливоста на изолираните е терористички акти.

Би можело да ве интересира

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот