Француските научници со добра вест за борбата против еболата

Од:

Научниците од францускиот Институт за научни истражувања (ИНСЕРМ) соопштија дека откриле оти еден веќе постоечки лек „значително“ ја намалува смртноста од еболата, од која досега починаа речиси 9.000 лица, јави дописникот на МИА од Париз.

ИНСЕРМ денеска ги објави резултатите од клиничките тестови спроведени во Гвинеја кон крајот на декември минатата година, при што е утврдено дека лекот придонел за „значително“ намалување на смртноста. Лекот е од антивирален тип и се произведува во Јапонија под името „Фавипиравир“.

Се досега овој лек се користел за лекување на грипот. Научниците ја зголемиле само дозата на лекот, тестирајќи го прво на неколкумина заболени од ебола, кои биле пренесени на лекување во Европа, а од декември и на 24 пациенти во Гвинеја.

Резултатот е дека смртноста значително е намалена, посебно кога терапијата се применува со појавата на првите симптоми.

– Над сто лица го добија овој лек и потоа беа следени што се случува. Еден резултат беше драстичен. Бројот на смртни случаи се намали, изјави директорот на ИНСЕРМ, Ив Леви за француското радио Франс Инфо.

Ова е првиот лек кој во иднина, според научниците, може да биде дел од терапијата за заболените од ебола, заедно со серумот кој се прави од поранешните заболени и излечени лица. Серумот ќе започне да се тестира за неколку дена во Гвинеја, каде на гвинејските власти им се дадени на располагања шестотини дози.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата