Француските медиуми за новите мерки во Македонија поради напливот на мигранти

Од:

Сите француски медиуми ја пренесоа веста за прогласувањето на кризна состојба во јужните и северните гранични зони на Македонија, каде е забележан масовен илегален премин на мигранти од Грција, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Во веста се пренесува официјалното соопштение на македонските власти за прогласувањето на кризната состојба и вклучувањето на македонската армија во погодените делови од кризата со мигрантите, за да им се помогне на локалните власти, при што како извор се наведува Македонската информативна агенција.

Париски „Ле Монд“ и „Фигаро“ нагласуваат дека Македонија предупреди вчера на „алармантната ситуација“ и побара помош од соседите за да и испратат вагони за превоз на мигрантите кон север, бидејќи капацитетите на македонската железница се надминати.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто