Француските болници преполни – преку 6.000 пациенти се на интензивна нега

Од:

Коронавирусот продолжува да коси низ Франција, каде во последните 24 часа починаа 400 лица, а во моментов 6.001 пациент во земјата е на интензивна нега.

Во моментов се хоспитализирани 30.956 пациенти со Ковид-19, од нив 1944 само во последните 24 часа.

Во однос на имунизацијата, од почетокот на кампањата на крајот на декември, досега се дадени 19.990.000 вакцини. Најмалку една доза имаат примено 14.297.308 лица или 21,3 отсто од вкупното население, додека 5.691.519 се комплетно вакцинирани – 8,5 отсто од Французите.

По три недели „клуч“ за сите училишта, денеска повторно се отворени основните училишта и градинките, според строгиот здравствен протокол. Средношколците од своја страна продолжуваат да учат од далечина до 3 мај, кога ќе можат да се вратат во училишните клупи.

Претседателот Макрон денеска изјави дека повторното отворање на рестораните ќе се изврши етапно меѓу почетокот на мај и крајот на јуни, во зависност од стапката на инциденца.

-Ќе направиме фази на отворање: има етапа на 3 мај , кога ќе биде крајот на сообраќајните ограничувања, ќе има втора фаза, во средината на мај или околу почетокот на јуни, а потоа уште една во средината или крајот на јуни, објасни шефот на државата во Мелун, по повод враќањето на учениците во основните училишта.

-Секоја од фазите ќе зависи од резултатите што ќе ги добиеме: ние секогаш бараме десет до петнаесет дена за да ги консолидираме резултатите“, продолжи претседателот.

„Сметам дека не можеме повторно да ги отвориме рестораните, да речеме на крајот на мај или во јуни, во департманите каде вирусот се уште кружи“, предупреди Макрон, но „во други каде што многу се намали, мислам дека ќе треба да ги отвориме

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата