Францускиот спајдермен закачи знаме на помирувањето во Хонгконг

Од:

Искачувачот Ален Робер, познат по прекарот „француски спајдермен”, денеска се искачи на облакодер од 68 ката во Хонг Конг и постави знаме симбол на помирувањето меѓу Кина и таа област, во мигови кога повеќенеделните протести во тој град траат и не стивнуваат.

Робер знамето го развеа на Ченг Конг центарот, сместен во централниот деловен округ. Авантуристот таму се искачи со голи раце, без заштитен појас.

Платното ги содржи кинеското знаме во левиот агол горе и знамето на Хонг Конг десно од него, а под нив се насликани две раце, жолта и црвена, коишто се ракуваат, на бела површина – која означува мир.

По искачувањето, Робер е уапсен и одведен во полициска станица.

Тој третпат се искачува на оваа зграда на Ченг Конг Холдингс. Во август 2018. му беше забрането и една година не смееше да се качува на зградата.

Во Хонг Конг периодов има масовни демонстрации против Законот за екстрадиција. Тие почнаа во јуни, а во меѓувреме опфатија и на други барања кои на Хонгконѓаните им биле ветени 1997., кога Кина ја презеде таа област којашто претходно беше британска колонија.

Би можело да ве интересира

Сирија има ново знаме

ДУИ: Панче Тошковски да поднесе оставка, покажува отсуство на професионализам и кредибилитет

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје, кои беа обвинети по член 319

Петрушевски: Апелираме граѓаните да не потпаѓаат на црните сценарија за етнички конфликти чија цел е заштита на личните и бизнис интереси, институциите ќe реагираат жестоко

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ