Францускиот Сенат го одобри нацрт-законот за хомосексуалните бракови

Од:

Горниот дом на францускиот Парламент, Сенатот го одобри денеска нацрт-закнот за еднополови бракови, со што го отвори патот за негово усвојување и покрај демонстрациите на стотици илјади лица, кои се противат на тоа.

Ова е најрадикалната социјална реформа во Франција по укинувањето на смртната казна во 1981 година, а тоа беше и едно од клучните ветувања во предизборната кампања на владејачките социјалисти на претседателот Франсоа Оланд.

Против оваа одлука се огласија социјалните конзервативци во мнозинско католичката земја, голем број француски муслимани и христијанските евангелисти.

Нацрт-законот усвоен со минимални измени, се враќа во мај пред Долниот дом на Парламентот, Националното собрание, каде социјалитите имаат доволно мнозинство. По конечниот прием кон средината на годината законот треба да стапи во сила.

Со овој чекор Франција се приклучува кон државите, во кои хомосексуалните бракови се законски, како Белгија, Португалија, Холандија, Шпанија, Шведска, Норвешка, Јужна Африка и Аргентина.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано