Францускиот премиер повика на будност и единство по трите напади во земјата

Од:

Францускиот премиер Мануел Валс повика на будност и единство во земјата по трите напади во последните три дена, пренесоа француските медиуми.

-Ние не ги омаловажуваме нападите, подвлече Валс за радио Јуроп 1.

Тој ја уверува француската јавност дека меѓу нападите нема никва каузална врска.

„Силите за безбедност си имаат работа со луѓе со две лица, кои можат да дејствуваат сами – нешто што ја усложнува работата на службите“, забележа Валс.

Франција од саботата до вчера беше арена на три напади – две намерни автомобилски прегазувања, во кои беа повредени 13, односно 10 лица, и напад во кој маж рани двајца полицајци пред да биде убиен.

Според властите, тројцата напаѓачи дејствувале сами и не се поврзани со терористички организации.

Би можело да ве интересира

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот