Францускиот премиер побара одговорност од Французите, ден по олеснувањето на мерките

Од:

Францускиот премиер Жан Кастекс, само еден ден по олеснувањето на ограничувачките мерки во земјата, побара од неговите сонародници почитување на правилата по инцидентите што се случија во Рен на првата вечер од повторното отворање на терасите на баровите и рестораните.

Премиерот Кастекс од Блоа испрати „повик за одговорност“до Французите, пред ентузијазмот на јавноста која масовно ги запоседна терасите на баровите, рестораните и бистроата по нивното повторно отворање, откако беа затворени седум месеци. Притоа дојде до непочитување на мерките, а особено во Рен. Имаше и непочитување на полицискиот час, кога полицијата мораше да интервенира за да ги растера славениците на крајот на ограничувачките мерки.

-Поради повторното отворање, можеме да разбереме дека имаше ентузијазам, но јас ги повикувам сите, наш заеднички интерес е да ги почитуваме правилата, рече Кастекс.

–Никој не сака да ги затвори терасите, тоа не е целта, целта е да стигнеме таму, ќе стигнеме таму, тоа бара колективна дисциплина, тоа е на на наш дофат, додаде Кастекс кој, претходниот ден, заедно со претседателот Емануел Макрон, пред камерите испи кафе на терасата од едно бистро недалеку од Елисејската палата.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата