Францускиот премиер: Евреите треба да останат во Франција

Од:

Премиерот на Франција, Мануел Валс по инцидентот во кој се оштетени стотици еврејски гробови, ги повика Евреите да останат во државата и реагираше на изјавата на израелскиот премиер Бењамин Нетанијаху, дека европските Евреи треба да емигрираат во Израел.

– Заедно со вас е повредена и Франција и таа не сака да си одите. Жалам поради повикот на Бењамин. Местото на француските Евреи е во Франција- истакна тој.

Францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казенев рече дека нема да биде толериран нападот во кој се оштетени еврејските гробови во градот Сар Инион и истакна дека ќе бидат направени сите напори да се идентификуваат виновниците и да бидат изведени пред лицето на правдата.

Инаку ова не е прв пат да бидат оштетени еврејски гробови, тоа претходно се случувало и во 1988 и 2001 година.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано