Францускиот нобеловец, вирусологот Лук Монтањие тврди дека Ковид-19 настанал во лабораторија

Од:

Францускиот вирусолог, добитник на Нобеловата награда за физиологија и медицина во 2008 година за изолирањето на вирусот на ХИВ, Лук Монтањие, тврди дека Ковид-19 нема природно потекло и дека е создаден во лабораторија.

– Дојдовме до заклучок дека е дојдено до манипулација со овој вирус, рече Монтањие во интервју за француската телевизија „Си-њуз“( C-News).

– Вирусот нема природно потекло, тој е дело на молекуларен биолог. Не е познато со која цел е тоа направено. Мојата работа е изнесување факти, јас никого не обвинувам и не знам кој тоа го направил и зошто. Можно е да сакале да произведат вакцина против вирусот на ХИВ, претпоставува нобеловецот.

Франција вчера, преку кабинетот на претседателот Емануел Макрон, соопшти дека засега нема докази за поврзаност меѓу новиот коронавирус и работата на истражувачката лабораторија П4 во кинескиот град Вухан.

– Сакаме да разјасниме дека до денеска нема докази што би ги поткрепиле информациите што неодамна беа објавени во печатот во САД, а кои го поврзуваат потеклото на Ковид-19 со работата на лабораторијата П4 во Вухан, Кина, соопшти кабинетот на францускиот претседател.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата