Француски суд нареди Твитер да достави лични податоци на автори на расистички пораки

Од:

Суд во Париз нареди Твитер да достави податоци што ќе обезбедат распознавање автори на расистички или антисемитски пораки.

Американската социјална мрежа беше повикана во Суд од Сојузот на еврејски студенти во Франција и неколку други здруженија откако во октомври на мрежата се појавија антисемитски пораки.

Од Твитер беа избришани тие пораки, но подоцна се појавија и други „твитови“.

Здруженијата сакаат да бидат доставени податоците за носителите на т.н. твит-налози за распознавање на авторите на тие пораки кои подоцна би биле дадени на суд.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано