Француски научници соопштија дека ја докажале врската меѓу вирусот зика и синдромот Гилем-Баре, пренесува БТА.
Тоа значи дека во земјите погодени од епидемијата на зика наскоро ќе се зголеми бројот на случаи на ретката автоимуна болест.
При синдромот Гилен-Баре имуниот систем напаѓа дел од нервниот систем. Тој вообичаено се развива неколку дена по изложување на вирус, бактерија или паразит.
Истражувањето анализира податоци од епидемијата на зика во Француска Полинезија во периодот 2013-2014 година, изјавија истражувачите, предводени од Арно Фонтане од францускиот Институт Пастор.
Според нив ризикот да се развие синдромот Гилем-Баре се зголемува на 2,4 на десет илјади заразени со зика.
– Улогата на научниците е од суштинско значење, бидејќи ја потврдува улогата на зика во случаите на развој на тешката невролошка болест, нагласи Фонтане.
– Регионите, кои се засегнати од епидемијата на зика, веројатно стануваат сведоци на зголемување на бројот на пациентите со тешки нерволошки компликации и ако е можно треба да се подобрат можностите на здравствените установи за прием на пациенти, кои имаат потреба од интензивно лекување.
Светската здравствена организација го прогласи за меѓународен здравствен проблем, ширењето на вирусот зика, кој го пренесуваат комарците.