Француски борбени авиони го извршија првиот разузнавачки лет над Сирија

Од:

Француските борбени авиони „Рафаел“ изутринава го извршиле првиот разузнавачки лет над Сирија, прва ваква француска операција која досега се ограничуваше само на Ирак, јавува дописникот на МИА од Париз.

Веста за првото надлетување над Сирија, со цел да се соберат доволно елементи за евентуални бомбардирања на позициите на ИД, ја соопшти француското Министерство за одбрана.

Операцијата доаѓа помалку од 24 часа по најавата на претседателот Франсоа Оланд, што претставува стратешки пресврт.

– Од министерот за одбрана побарав уште од утре да се спроведат разузнавачки летови на Сирија, што ќе дозволи да се предвидат напади против ИД, со што ќе ја зачуваме нашата самостојност за одлучување и акција, изјави вчера францускиот претседател.

Според Оланд копнена интервенција е нереална и нелогична, бидејќи не треба да се направи ништо со што ќе се зајакни или ќе се одржи на власт Башар Ел Асад, кој на крајот мора да си замине.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата