Француската Влада ги претстави општите упатства за враќање на работа во претпријатијата

Од:

Француската Влада ги претстави упатствата за претпријатијата кои ќе треба да ги спроведат за безбедно враќање на нивните вработени на работните места по изолацијата за коронавирусот. Меѓу другото, на секој вработен треба да му се гарантира минимален простор од 4м², јави дописникот на МИА.

Една недела пред датумот утврден за почеток на враќање во нормалниот живот, извршната власт го претстави протоколот што сите компании мора да го следат. Министерството за труд ги дефинира „универзалните правила“ што сите компании и здруженија мораат да ги почитуваат за да ги отворат своите врати и притоа да го минимизираат ризикот од зараза. Со нив се надополнуваат претходните препораки за добри практики што властите во моментов ги дополнуваат за сите сектори на активност, како што се на пример фризерите.

Во детали, протоколот ја наведува пред сè „основата за излегување од изолацијата“, која ги вклучува мерките на бариера што сега се добро познати за борба против вирусот: кашлање или кивање во лактот, избегнување да се допира лицето, редовно миење раце, почитување на социјалното растојание, останување дома во случај на симптоми, дезинфекција на површините и предметите што се манипулираат …

Во однос на просторот, досието препорачува да се распределат површина од најмалку 4м² по човек, со цел „да се гарантира минимално растојание од 1 метар околу едно лице“. За да се пресмета оваа област, работодавачот ќе мора да ја разгледа „преостанатата површина на просторот, односно да се каже површината што всушност им е на располагање на тие што се наоѓаат во неа (вработени), без веќе зафатените делови од просторот“. Така, продавницата не треба да го земат предвид просторот што ги зафаќаат магацините и полиците. На пример, „претпријатието со преостаната површина од 160 м² може истовремено да прими 160/4 = 40 лица или вработени“. Сепак, оваа бројка може да се промени, доколку работодавецот тоа го посакува, и ако проценката на ризикот доведува до воспоставување „безбедносна маргина во зависност од дејноста“. Минималниот простор исто така може да биде поголем во области каде што „сообраќајните текови се потешки за контролирање и феноменот на концентрација тешко може да се избегне“.

Со протокот на луѓе ќе треба да управуваат и работодавците: затоа предизвикот ќе биде да се адаптираат канцелариите за да се сместат помалку вработени и да се обезбеди избегнување средби, особено преку продолжување на работата од дома. Надлежните органи ги повикуваат установите да воспостават управување со протокот, од доаѓањето на вработените на паркингот или кон влезот до нивниот излез од просториите, со цел да ги намалат „тесните грла“.

За секоја фаза на циркулацијата, мора да се спроведат соодветни решенија, како на пример, закажувањето состаноци во внатрешните одделенија кои примаат публика, организирани распореди на паузи и ознаки за подот, како на пример околу машината за кафе, место за дискусии. Меѓу предложените добри практики е и редовното чистење на оградите од скали, кои мора да продолжат да се одржуваат за да се избегнат несреќите на работа, ограничување на бројот на лица во лифт, инсталирање плексиглас-изолации помеѓу работните маси или распределување на фиксно работно место.

За министерството, лична заштитна опрема, како што се маските, треба да се користи само како последно средство, кога не можат да се спроведат колективни организациски или технички решенија. Може да се советува носење маска, но тоа треба да биде „дополнување“ на другите бариери, освен во случаи кога не може да се почитува растојанието од еден метар: тогаш тоа станува задолжително.

Работодавачот може да им обезбеди на својот персонал ФФП1 или „обични“ маски. Тој може и самиот да одлучи да наметне носење маска во неговите простории, во тој случај тој ќе мора да ги обезбеди. Од друга страна, генерално, не се препорачува носење нараквици, тие даваат „лажно чувство на заштита“ и брзо стануваат „вектори на пренесување“.

Покрај тоа, претпријатијата нема да имаат право да ги прегледуваат своите вработени кога ќе влезат на работното место. Исто така, не се препорачува да се проверува температурата при пристигнувањето, тоа треба да го направи самиот вработен, дома. Работодавецот, сепак, може да го стори тоа ако сака, притоа да го почитува Кодексот за работни односи и да утврди услови за мерење „зачувување на достоинството“ на вработениот. Важно појаснување, работникот може да одбие да ја почитува оваа контрола на температурата, дури и ако тоа е задолжително: ако работодавачот одлучи да го испрати дома, тогаш тој „треба да му ја плати платата што одговара на денот на изгубена работа “

Меѓутоа, работодавачите мора да подготват ад хок постапка за згрижување на симптоматски лица, кои мора да бидат изолирани и испратени дома. Компанијата ќе мора да ги идентификува контактите што ги имало ова лице, за да ги следи. „Контактите оценети„ изложени на ризик “според дефиницијата за јавно здравје Франција ќе бидат згрижени и ставени во текот на две недели во карантин“, се додава во документот. Исто така, ќе биде важно да се исчистат просториите добро, да се користат соодветни производи и да се дезинфицираат површините и предметите што се допираат редовно, како што се копчиња, рачки на вратите или прекинувачи, неколку пати на ден.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата