Француската телевизија ТВ 5 Монд соопшти дека се нашла на мета на припадници на ИСИС, кои ги хакирале нејзините канали, портали и „Фејсбук“ страна.
-Ние веќе не сме во можност да емитуваме ниту еден од нашите канали. Нашите портали исто така повеќе не се под наша контрола, а за тоа одговорност презеде Исламска држава – соопштил генералниот директор Ив Биго, пренесе „Франс прес“.
Според наводите на француската агенција, хакерите на „Фејсбук“ страната на телевизијата објавиле документи за кои тврдат дека се „лични карти“ на роднините на француските војници, кои учествувале во операциите против Исламска држава.
Е.Г.