Франција воведува построги мерки за спречување на коронавирусот

Од:

Франција ќе воведе построги мерки во Лион и Ница во борбата против коронавирусот, изјави денеска францускиот министер за здравство Оливер Веран, истакнувајќи дека уште три региони каде што мерките веќе се на сила се сметаат за „црвени зони“.

Регионите во кои претходно беа воведени дополнителни мерки се Марсеј, Бордо и француската територија во Карипското Море – Гвадалупе.

Веран не прецизираше какви мерки ќе бидат воведени, но властите во Лион и Ница имаат рок до викендот да ги претстават плановите за дополнителни мерки пред француската Влада.

Во текот на септември, се зголеми бројот на заразени лица во Франција, а беше надминат дневниот рекорд во бројот на нови случаи.

Бројот на пациенти во болниците и одделенијата за интензивна нега исто така расте, но тој број сè уште не е толку голем како што беше на пролет.

– Ние сме во ситуација, особено регионите што ги споменав, каде што можам само да барам да ги зголемите мерките, особено во однос на луѓето што ги гледате секој ден. Семејните собири се главниот извор на Ковида-19, рече францускиот министер за здравство.

Според него, ако секој го намали бројот на социјални контакти, ширењето на вирусот ќе се намали.

Дополнителните мерки, кои од понеделникот се на сила во Марсеј и Бордо, се однесуваат на собири на плажа, посета на домови за стари лица и присуство на јавни настани.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано