Франција воведува ограничувања за патниците од неколку европски држави

Од:

Граѓаните на Велика Британија, Шпанија, Португалија, Кипар, Грција и Холандија кои сакаат да влезат во Франција ќе мора да направат негативен тест за Ковид-19 не постар од 24 часа, соопшти француската влада.

Во соопштението на премиерот Жан Кастекс се вели дека мерката, која се однесува на невакцинирани патници, ќе стапи на сила на полноќ.

Тунис, Мозамбик, Куба и Индонезија се исто така на „црвената листа“.

Досега, Британците мораа да имаат тест не постар од 48 часа, додека за Шпанците, Португалците, Кипарците, Грците и Холанѓаните, тој период беше 72 часа.

Франција бележи брзо зголемување на бројот на заразени со вирусот.

Би можело да ве интересира

Франција ги олеснува ограничувањата, маската повеќе не е задолжителна насекаде

Речиси 100 приведени на забранетиот протест на „Конвојот на слободата“ во Париз

ВИДЕО: Дел од конвојот демонстранти против вакцинацијата влезе во центарот на Париз, полицијата реагираше со солзавец

Франција воведува потврди за вакцинација, ќе важат во ресторани, кина, возови

Повеќе од половина милион здравствени пропусници денеска престануваат да важат во Франција

Во Франција 91.608 новозаразени со Ковид-19, најмногу за 24 часа од почетокот на пандемијата

Катерина Ѓуровски