Француските медиуми ја пренесуваат репортажата на „Волстрит Џурнал“, во која се вели дека француските специјални сили ги ловат француските џихадисти од Исламската држава во Мосул, Ирак, а нивното „отстранување” и го препушта на ирачката армија.
Во истрагата спроведена во Ирак, американскиот весник открива дека француските специјални сили присутни во Мосул ги бараат француските џихадисти од организацијата на Исламската држава и потоа нивната „ликвидација“ и ја препуштаат на ирачката армија – тврдење кое француските официјални лица, исто како и како и ирачкит, жестоко го негираат.
Портпаролот на француската влада Кристоф Кастанер, даде појаснување:
– Јас им порачувам на сите борци кои се приклучувааат во Даеш (арапскиот акроним за Исламска држава) кои одат во странство за да водат војна, дека водењето војна подразбира и преземање на ризици и тие треба да ги прифатат тие ризици .
Сепак, постојат преседани: во Сирија, најмалку осум случаи на целни убиства се документирани, според американските податоци, објаснува Васим Наср, новинар од Франс24, специјалист за џихадистичките движења.
Ова прашање останува табу тема во Франција, каде што државата не комуницира за ова. Станува збор за чувствително прашање, по кое се постапува различно во зависност од западните сили: “Од една страна, Американците, а во последниве месеци и Британците, не се двоумеа да кажат дека тие ги насочуваат акциите и кон џихадистите со нивно државјанство, додека Французите велат дека тие не водат акции против поединци, туку против места“, вели новинарот.
Сепак, во овие целни напади, потенцијално може да има француски џихадисти. – Единствениот пат кога Франција се огласи, таа објасни дека убила еден француски џихадист кој се наоѓаше во склад со оружје, но тој не беше предмет на нападо”, вели Васим Наср.
Треба да се знае дека Велика Британија и Франција ја имаат укинато смртната казна. – Ова отвора многу проблеми, бидејќи ние сме во сива правна зона, во воена зона. Семејствата на џихадистите може да побараат одговорност од француската држава, вели новинарот.