Франција репатрираше група жени и деца од кампови на ИД во Сирија

Од:

Франција денеска врати 51 жена и дете од камповите во делови на Сирија кои се под контрола на ИД. Тоа е најголемото враќање на Французинки и деца во земјата од поразот на ИД во североисточна Сирија во март 2019 година.

Француското национално обвинителство за борба против тероризмот објави дека групата се состои од 16 жени на возраст од 22 до 39 години и 35 малолетни, од кои седум се враќаат без придружба на возрасни. Сите освен две жени во групата се француски државјани.

Осум жени се приведени на информативен разговор, а уште осум се уапсени. Еден од малолетниците, кој има 17 години, е осомничен за учество во терористички потфат.

Од граѓаните на европските земји, во ИД во Сирија најмногу се приклучиле француски државјани.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми