Франција: Работењето од дома може да спречи нов „локдаун“

Од:

Француската министерка за труд Елизабет Борн изјави денеска дека е најважно компаниите да го зголемат работењето од дома, со цел да се избегне ново заклучување на земјата во борбата против ширењето на коронавирусот.

– Изминатите денови податоците за Ковид-19 не се добри. Сите сакаме да избегнеме нов локдаун, а работата од дома е добро решение, истакна Борн.

Таа најави дека в петок ќе се сретне со претставници од секторите за банкарство, осигурување и инженеринг, а темата на разговорите ќе биде работењето од дома.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано