Франција вчера ја надмина бројката од 70 илјади починати од Ковид-19 од почетокот на пандемијата. Вчера во земјата имаше 196 починати од последици од коронавирусот и вкупната бројка достигна 70 142.
Бројот на новозаразени и наатаму е висок, во последниов период, дневно има над 20 илјади нови случаи.
Во Франција од вчера на сила е полициски час од 18 часот поладне до 6 часот наутро. Рестриктивните мерки не придонесуваат многу во намалувањето на бројките на новозаразени.
Вакцинацијата е почната, досега 413 046 лица ја примиле првата доза.