Франција повлече 7.000 прехранбени производи, содржеле премногу етилен оксид

Од:

Генералната дирекција за потрошувачка и контрола на измами повлече повеќе од 7.000 производи, како што се леб, хамбургери, колачи, сладоледи, предјадења, сосови, сирења, готови јадења, чаеви и кафиња…. Причината за повлекувањето е што содржат етилен над дозволените граници со европските прописи.

Етилен оксидот се користи во прехранбената индустрија за стерилизирање на зачини и семиња, вклучувајќи сусам , присутни во голем број производи. Националниот институт за научни истражувања (ИНРС) го наведува како супстанца „способна да предизвика рак и генетски аномалии“.

Француската дирекција ги презеде потребните истраги откако на почетокот на септември 2020 година беше информирана од соодветниот белгиски орган за увезените семиња и семе од сусам, чија содржина на етилен оксид ја надминува максималната регулаторна граница. Додека се чекаат резултатите од испитувањата, тие ги повлекуваат сите производи што можат да содржат контаминиран сусам, но и псилиум и потенцијално вмешани зачини.

И покрај неколкучасовното исклучување, страницата за потсетување на потрошувачите што вообичаено известува за секој повлечен производ сега повторно е достапна. Комплетниот список на вчера повлечени производи, исто така, е достапен во датотеката на веб-страница на Министерството за економија.
Засегнатите производи се од многу различни категории и брендови: колачи, леб, хамбургери, двопек, житарици, сладолед и сорбети, чаеви и кафиња, готови јадења, намази, масла и сосови, слатки колачиња, сирење, брашно и помагала за готвење, итн.

Потрошувачите што поседуваат контаминирани производи можат да одат во продавницата за да дознаат како да ги вратат и да си ги вратат парите. Оние кои веќе ги конзумирале и забележуваат негативни ефекти, се препорачува да се консултираат со лекар.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток