Франција потврди вмешаност на „Спангеро“ во аферата со коњско месо

Од:

Француската Влада ги потврди сомневањата за вмешаноста на француската компанија „Спангеро“ со скандалот со коњско месо, а утре министерот за земјоделство Стефан Ле Фол ќе се сретне со претставници на компанијата.

Министерството за земјоделство нагласи дека Владата се вклучила има намера да ја врати довербата во прехранбениот сектор, поради големиот број сериозни, точни и исти податоци за економска измама на корисниците во европски размери.

Компанијата во југозападниот град Кастелнодари, на фамилијата Спангеро, во 2009 година беше купена од баскиското друштво „Лур Бери“. Таа е обвинета дека продавала коњско месо, претставено како говедско, кое се користело за подготовка на готови јадења од компанијата за полупроизводи „Финдус“.

Според француската канцеларија за борба против измами станува збор за 750 тони коњско месо, од кои 550 тони се искористени за производство на 4,5 милиони јадења продадени како специјалитети со говедксо месо во 13 европски земји.

Властите тврдат дека месото не претставува опасност по човечкото здравје.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано