Франција подготвува законски измени за да согорува повеќе јаглен

Од:

Франција може да ги олесни ограничувањата за работа на електрани на јаглен за да избегне криза во снабдувањето со електрична енергија, јавија француските медиуми. Пред неколку дена, операторот на енергетскиот систем во земјата предупреди дека во случај на студено време, државата може да остане без електрична енергија откако неколку нуклеарни реактори беа исклучени поради технички проблеми.

Во земјата има само три електрани на јаглен и на предлог на Министерството за животна средина може да им се дозволи да работат до 1.000 часа, но само во првите два месеци од 2022 година. Во 2019 година, француската влада ја ограничи работата на електраните на јаглен на 700 часа годишно за да поттикне напуштање на јагленот.

Отстранувањето на некои од ограничувањата е со цел да се обезбеди енергетска безбедност на земјата, се вели во соопштението на Министерството за животна средина. Така ќе продолжи само во проблематичната зимска сезона – месеците јануари и февруари. Предлогот е предмет на јавна расправа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција