Франција планира сите ученици физички да посетуваат настава

Од:

Француското Министерство за образование, според својот последен билтен на кој работат тимови од сите училишта, планира сите ученици да се вратат физички во училишните клупи на почетокот на септември, како во основните, така и во средните училишта.

Според ова Министерство Учебната 2020/2021 ќе биде карактеризирана со развој на спортот и културата во животот на секој ученик, физичкото и спортско воспитување, како и целината на уметничките дисциплини ќе бидат во сржта на овој приоритет.

Четирите главни приоритети се: -заштитата на здравјето на учениците и персоналот; развивање на колективниот дух како кај возрасните така и кај учениците за да се осигура главната мисија на пренесување на знаењата и намалување на разликите; целосно вклучување на сите деца кои имаат посебни образовни потреби и пренесување на граѓанските вредности.

За оваа цел, Министерството за образование, млади и спорт планира да создало нови 1688 работни места во првите години на училиштата, од кои 1248 се создадени поради санитарната криза. Потоа создавање на нови 8000 работни места за придружување на децата во ситуација на хендикеп, 1,5 милиони додатни работни часови за дополнителна настава и 130 000 часови за воспитни часови.

Сите ученици ќе треба да се вратат во училишните клупи, но со цел да се гарантира здравјето на учениците и персоналот, циркуларното писмо упатено до сите училишта предвидува да се почитуваат сите санитарните мерки.

– Одржување на растојание од еден метар.

– Хигиена на рацете – често миење на рацете пред секое јадење, пред и по одење во тоалет, при враќање дома и при доаѓањето дома избегнување на поздравување, користење на хартиени шамивчиња;

– Носење маска е задолжителна за возрасните и за учениците над 11 години кога не може да се почитува растојанието во затворени простории како и во школскиот превоз;

– Чистење и проветрување на просториите: -чистењето е задолжително најмалку еднаш дневно, исто како и на сите предмети и површини, за кои се советува дезинфекција еднаш дневно.

– Пристапот до играчките и опремата во школските дворови и училниците повторно се одобрува.

– Професорите се тие кои треба да одат во училниците, додека учениците остануваат во своите училници, наместо да одат во кабинетите. Здравствениот персонал, исто така, е вклучен во оваа здравствена политика во училиштата.

Засега се ограничува групното собирање на учениците во школските дворови, каде активностите се организирани во функција на возраста на учениците, со цел сепак да се спречат големи групи на деца. Така е организирано пристигнување на училиште според возраста, исто како и излегувањето. Во школскиот превоз нема ограничувања, освен носење на маски за сите.
Во ситуација ако санитарната ситуација бара построги мерки, поради активно движење на вирусот на дел или на целата територија на земјата, постои план за педагошки континуитет за да се осигура настава преку интернет.

Во тој случај изработена е посебна програма и протокол, кој подразбира: санитарен протокол, потсетување на главните акции кои треба да се спроведат, совети и добри практики за организација на службите и дигиталната опрема, активирање на наставата преку интернет. Направен е избор на педагошки мерки за настава на далечина, кои се на располагање како на наставниците, така и на семејствата.

Што се однесува до универзитетите секој од нив има посебен протокол за почеток на универзитетската година со истите санитарни мерки како во училиштата или претпријатијата: Сепак некои универзитети ја ограничуваат физичката настава, избирајќи наставата да се одржува преку интернет, додека на факултетите ќе се одржуваат само вежбите.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано