Франција планира да испрати стотици војници во Романија

Од:

Франција планира да испрати стотици војници во Романија како дел од можното распоредување на НАТО во земјата, изјави денеска француската министерка за одбрана, додека францускиот министер за надворешни работи најави заедничка посета на Украина со својот германски колега.

– Затоа бев во Романија во четвртокот. Очигледно разговаравме со нашите романски партнери за ова прашање, изјави француската министерка за одбрана Флоренс Парли за радиото „Франс Ентер“.

Претседателот Емануел Макрон на 19 јануари објави дека Франција е подготвена да се вклучи во нови мисии, особено во Романија.

– Земјата што граничи со Украина и има пристап до Црното Море, кое е зона на екстремна тензија, е во епицентарот на тензијата и затоа треба да се охрабрува, рече Парли.

Таа додаде дека Франција наскоро ќе има состанок со членките на НАТО за испраќање контингент свои сили во Романија и дека се подготвува да биде подготвена да испрати војници веднаш штом тоа ќе биде побарано од неа, во договор со другите партнери и европските земји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина