Франција: Париз има услов за Америка, сакаме безбедносни гаранции

Од:

Европејците и Украинците бараат од Американците да им обезбедат „безбедносни гаранции“ пред какви било преговори со Русите за територијални прашања, објави француското претседателство, објавија француските медиуми утрово.

– Потребна е целосна видливост во врска со безбедносните гаранции што Европејците и Американците можат да им ги обезбедат на Украинците пред каков било договор за спорни територијални прашања, се вели во соопштението.

Советник на францускиот претседател Емануел Макрон рече дека ова може да биде нешто како еден вид „Член 5“, како во НАТО.

Советникот на Макрон рече дека Украинците не се согласиле на никакви територијални отстапки во разговорите со Вашингтон.

„Украинците не постигнале договор за територии, тие не го разгледуваат тоа денес, ниту за демилитаризираната зона“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Венс: САД имаат докази дека Иран се обидува да ја обновува својата нуклеарна програма

Ле Пен: Крајната левица сака да го наруши демократскиот систем

Зеленски прогласи „победа“: Ја браневме слободата и знамето

Горан Наумовски

Масовен напад во Украина, „таргети“ се Киев, Харков, Запорожје и Криви Рог

Вашингтон со порака: Приоритет е прекин на убиствата во Украина

Москва: Без сеопфатен договор, нема крај на конфликтот