Франција мора да плати казна од 20 милиони евра за загадениот воздух

Од:

Францускиот Врховен суд за административна правда – Државниот совет – и наложи на владата да плати 20 милиони евра казни за лошиот квалитет на воздухот во француските градови, јави ДПА.

Судот пресуди дека владата не направила доволно за да обезбеди добар квалитет на воздухот. Помеѓу јули 2021 и 2022 година, горните граници за емисиите на азот диоксид беа надминати во Париз, Лион и Марсеј.

Државата е осудена да исплати 20 милиони евра како казна кон еколошки организации. Државниот совет веќе ја казни Франција со 10 милиони евра во 2021 година кога еколошките организации се пожалија на државата за лошиот квалитет на воздухот во француските градови, повикувајќи се на европските правила за квалитет на воздухот.

Следната година судот повторно ќе го оценува квалитетот на воздухот во Франција.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт