Франција мета на терористите поради НАТО

Од:

ИСИС ја презеде одговорноста за терористичките напади во Франција, но изјавата на исламскиот свештеник и еден од лидерите на Исламска држава, Абу Саад ала Ансари дека „Франција е почеток“ предизвика страв дека теророт може да продолжи.

-Започнавме операција во Франција, за која презедовме одговорност. Утре ќе биде во Британија, САД и на други места. Тоа е порака до сите држави кои учествуваат во коалицијата, која ја предводи Америка, а која убива членови на Исламска држава-рече Ансари на богослужбата во ирачкиот град Мосул, кој што е под контрола на ИСИС, пренесе израелскиот весник „Хаарец“.

Светските агенции наведуваат дека без оглед на тоа што експерти укажаа на можност од преземање на одговорност за нападите во Франција, ИСИС само сака да постигне пропаганден ефект и нема сомнеж дека на тоа имаат влијание и активностите на француските воени сили во Африка и Азија во рамките на НАТО.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта