Франција ќе му ги продаде двата Мистрали на Египет

Од:

Елисејската палата со соопштение за печат, даде до знаење дека францускиот претседател Франсоа Оланд по разговорот со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, постигнале договор за купувањето на двата воени брода за интервенции и командување од типот Мистрал, кои иницијално беа градени за Русија, јавува дописникот на МИА од Париз.

Засега нема детали за вредноста на зделката меѓу Египет и Франција, и Египет станува еден од главните клиенти на француската воена индустрија откако пред неколку месеци нарача неколку воени авиони од типот Рафал.

Што се однесува до самите „Мистрали“, Франција ќе и плати на Русија околу 950 милиони евра за двата неиспорачани воени бродовиова според законот претставен во францускиот парламент.

Од текстот, претставен од францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабијус, е јасно дека Париз ќе префрли на Москва 949.754.849 евра согласно со потпишаниот на 5 август билатерален договор за ова прашање.

Оваа сума одговара на авансот, направен од Русија за двата носачи на авиони, чија договорена цена изнесуваше 1,2 милијарди евра.

Франција ја откажа продажбата на десантните воени бродови на Русија поради нејзината политика кон Украина и наметнатите санкции од ЕУ кон Москва.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци

Во Франција: Убиени двајца затворски чувари, а тројца се ранети во заседа