Франција: Казни од 135 до 375 евра за недозволено излегување од дома

Од:

Излегувањето од дома од вера е ограничено за Французите кои треба да имаат вистински причини за да го напуштат домот, а се со цел да се ограничи ширењето на коронавирусот, јави дописникот на МИА.

Портпаролот на владата Сибет Ндиајн предупреди дека казните ќе бидат изречени „многу брзо“ за спроведување на регулативите за борба против ширењето на коронавирусот. Најпрво со објавувањето во Службениот весник оваа среда на указот со кој се утврдуваа фиксна казна од 135 евра што може да се зголеми на 375 евра во случај на неовластено излегување.

Лицата се изложуваат на овие казни кога излегуваат од друга причина, освен оние предвидени со указот, издаден во понеделникот, со кој се забранува какво било движење надвор од нивниот дом, освен во специфични случаи (професионално патување, здравствени или семејни причини, физичка активност, купување на основни прозиводи).

Би можело да ве интересира

Франција: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

Крвава свадба во Франција: Едно лице загина, а пет се повредени во вооружен напад

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен