Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Од:

Франција, на предлог на претседателот Емануел Макрон, ја подигна безбедноста на највисоко ниво по терористичкиот напад во Москва, објави францускиот премиер Габриел Атал.

„Со оглед на тоа што Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Москва, како и поради заканите за нашата земја, решивме да ја подигнеме безбедноста на највисоко ниво“, изјави Атал на платформата Икс.

Во терористичкиот напад извршен во петокот во концертната сала „Крокус сити хол“ кај Моксва, според последните податоци загинале 137 лица, а 180 се повредени.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Ученичка од Јужен Велс со нож рани двајца професори и ученик

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Скопјанец во МВР пријавил дека била силувана неговата малолетна внука

Грк починал во битолско казино

Анита Петровска Рајковиќ

Го фатиле со марихуана – признал дека дома има уште и сам им ја предал на полицајците