Франција испраќа дополнителни сили во регионот Сахел

Од:

Франција и земјите од Западна Африка се согласија под заедничка команда да се борат против исламските милитанти во регионот Сахел во Африка, а Франција да испрати дополнителни 220 војници за зајакнување на военото присуство во регионот.

Лидерите на Западна Африка го уверија францускиот претседател Емануел Макрон на состанокот во Пау во Франција дека сакаат Франција да продолжи со воената мисија во регионот, што се протега низ Нигер, Мали, Мавританија, Буркина Фасо и Чад.

– Немаме друг избор, потребни ни се резултати, рече Макрон, најавувајќи испраќање дополнителни сили по самитот со лидерите на тие земји.

Франција, поранешна колонијална сила во тој дел на Африка, во моментот има околу 4.500 војници во Сахел.

Ситуацијата во регионот се влошува бидејќи милитантите на Ал-Каеда и ИД ги зајакнаа своите упоришта, поради што делови од таа територија не е можно да се контролираат.

Исламистите исто така предизвикаа етничко насилство, особено во Мали и Буркина Фасо.

Во заедничката изјава, лидерите на шесте земји се заложија да се фокусираат на борбата против ИД на Голема Сахара и ги повикаа САД да продолжат логистички да ги поддржуваат нивните сили.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз