Франција идентификувала од повеќе од 150 тајни банкари на ИД

Од:

Службата за борба против финансирање на тероризмот и перењето пари при француското министерство за економија соопшти дека идентификувале од 150 до 200 „тајни банкари“ на Исламска држава, воглавно во Либан и во Турција.

Директорот на службата Бруно Дале денеска го објави извештајот.

– Овие тајни банкари на ИД добиваат средства кои се јасно наменети за одржување во живот на организацијата, изјави Дале и нагласи дека главниот предизвик за неговата канцеларија сега е да се лоцираат нови собирачи на средства за ИД, која се повеќе зависи од надворешно финансирање.

Џихадистите биле лишени од основните извори на финансирање со губењето на териториите во Ирак и Сирија. Главни извори им биле уцените на населението и масовните грабежи, а групата се обидува да ги компензира овие загуби со финансирање од странство, се наведува во извештајот.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз