Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Од:

Франција и Британија и дозволија на Украина да ги истрела нивните ракети со долг дострел длабоко на руска територија, пренесоа француските медиуми.

Како што се посочува, Киев „за овие цели ќе може да користи ракети Scalp/Storm Shadow“.

Дострелот на овие ракети е уште поголем од американските „Атакамс“ – 450 километри.

Гардијан во септември 2024 година напиша дека Британија ќе даде дозвола за напад со своите ракети. Истовремено, рускиот амбасадор во Велика Британија, Андреј Келин, во октомври изјави дека „има потврда дека ставот не се менува и дека Лондон во моментов не се залага за можност за извршување на напад на руска територија“.

Американскиот претседател Џозеф Бајден и дозволи на Украина да ја таргетира Русија со американско оружје со долг дострел. Одлуката доаѓа два месеци пред транзицијата на власта меѓу Џозеф Бајден и Доналд Трамп, кој сака да ја намали поддршката за Украина, пренесува Спутник.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција