Франција го одбележува крајот на Првата светска војна

Од:

Одбележувањето на денот на крајот на Првата светска војна-11 ноември 1918 година, за прв пат во Франција им беше посветен на сите оние кои ги положија животите за Франција, реформа што ја туркаше поранешниот француски претседател Никола Саркози, јави дописникот на МИА од Париз.

Претседателот Франсоа Оланд, пред вечниот пламен под Триуфалната порта, им оддаде почит на загинатите за време на Големата војна и на сите кои ги положија животите за Франција.

На првата ваква соддржински проширена 11-ноемвриска свеченост, Франсоа Оланд им оддаде посебна почит на тринаесетте француски војници, загинати во Авганистан во изминатата година.

Придружуван од две деца на убиени војници во Авганистан, девојче и момче, францускиот претседател долго остана пред гробот на незнајниот војник, додека беа читани имињата на тринаесетте војници, по што тој се сретна со семејставата на загинатите.

Франсоа Оланд не оддржа говор пред Триумфалната порта.

-11 ноември ни евоцира спомени на Големата војна, ние никогаш не треба да ги заборавиме сите оние кои се жртвуваа за она што ние сме денеска. Вистина е, денеска ние ги чествуваме сите оние кои се жртвуваа за Франција, откако беше изгласан заканот, беше единствената изјава на Франсоа Оланд за францускиот телевизиски канал Франс3.

Пред Триуфалната порта имаше неколку илјади лица.

Претходно францускиот претседател положи венец пред статуата на Жорж Клемансо, шефот на француската влада за време на Првата светска војна, потоа ги искачи Елисејските полиња придружуван од коњаницата на Републиканската гарда.

На крајот од комеморациите на Триумфаланата порта, шефот на француската држава положи венец и пред спомен плочата на студентите припадници на отпорот во 1940 година, кои не ја испочитуваа наредбата на германските власти да го прослават примирјето од 1918 година.

Покрај националните свечености во Париз, ширум Франција беа организирани околу 800 церемонии во присуство на околу 10.000 војници, како и полагање на венци пред спомениците на загинатите за Франција во околу 36.000 општини.

За време на Првата светска војна беа мобилизирани осум милиони французи, од кои 1,4 милиони беа убиени. За време на оваа војна беа убиени околу 10 милиони лица.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано