Франција го чествува делото на Владо Цветановски

Од:

Во организација на Институтот за ориентални јазици и цивилизации во Париз, денеска почнува тридневниот саем за Балканските книжевности и култури на кој учествуваат триесетина писатели, издавачи и културни работници од сите балкански земји.

Како што соопшти Универзитетот за аудиовизуелни уметности (ЕСРА), оваа година Франција ќе му оддаде последна почит на уметничкото дело на прерано починатиот, врвен македонски режисер Владо Цветановски, со специјален филм подготвен од ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк и Факултетот за драмски уметности, во кого се содржани најзначајните претстави во неговата тридецениска кариера.

Филмот ќе биде прикажан денеска во Големиот амфитеатар на Институот за ориентални јазици и цивилизации, а на 25 ноември во 20:00 часот во познатиот париски театар Ле Палас, ќе се прикаже телевизиската снимка од неговата последна претстава „Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот”, во изведба на Драмскиот театар од Скопје, која е и уметнички тестамент во неговот творештво, за вклучувањето на балканските култури во шириоката европска фамилија.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски