Франција ги забрзува подготовките во случај на Брегзит без договор

Од:

Франција ќе ги интензивира своите подготовки во случај на брегзит без договор, соопшти Елисејската палата, јави дописникот на МИА.

Премиерот Едуар Филип утре ќе има работен состанок со клучните министри за да се разгледаат и забрзаат подготовките.

Овој состанок беше планиран пред британското гласање, како дел од подготовките за брегзит, закажан за 29 март.

Со отфрлањето на договорот од страна на големото мнозинство на британските пратеници, ризиците од „без договор „се зголемија вчера. Такво сценарио „би било многу негативно за Обединетото Кралство“ и „би било лошо за Европа и за Франција, која е влезната врата“ за добар дел од протокот на стоки и луѓе помеѓу Велика Британија и остатокот на Европа, вели Елисејската палата.

Предлог-законот кој го подготвува Франција за било која форма со која ќе излезе Обединетото Кралство од ЕУ треба да биде усвоен до крајот на оваа недела од страна на Парламентот. За овој текст, двата дома на францускиот парламент се согласија кон крајот на 2018 година, со кој се овластува владата да донесува соодветни мерки со уредби.

Би можело да ве интересира

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски